ОН ја осуди интервенцијата против демонстрантите во Судан

Од:

Експертот на Обединети нации за човекови права во Судан, Адам Деинг денеска ја осуди интервенцијата против продемократските демонстранти.

Тој повика на ослободување на сите лица притворени за време на вонредната состојба и да прекине употребата на прекумерна сила и апсење на демонстрантите кои се против пучот.

На 29 мај во Судан беше укината вонредната состојба, што беше воведена на 25 октомври 2021 година откако армијата ја презеде власта.

Судан по воениот удар е политички блокиран и речиси секојдневно се одржуваат протести. Властите употребуваат боева муниција и солзавец врз демонстрантите, а за да спречат протести го исклучуваат интернетот и мобилниот сигнал.

Припадниците на суданските безбедносни сили ги обвинуваат и за сексуално насилство врз жените кои учествуваат во демонстрациите.

Според Обединети нации во протестите во Судан досега убиени се најмалку 99 луѓе.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

Орце Костов

Конфликт во Судан: Објавен седумдневен прекин на огнот

Жестоки битки во главниот град на Судан, војската и бунтовниците се борат на улиците

Ана Ололовска