ОН: Истражуваме најмалку 35 случаи на сајбер напади од Северна Кореја

Од:

Експерти на ООН соопштија дека истражуваат најмалку 35 случаи во 17 земји поврзани со сајбер напади со кои Северна Кореја нелегално добила средства за нејзината нуклеарна програма.

Според извештајот на ОН, експертите на ООН исто така повикале на казни за бродовите што кршеле санкции против Пјонгјанг со снабдување на Северна Кореја со нафта и гас.

Во извештајот се вели дека најголем број на кибер напади биле насочени против соседна Јужна Кореја – 10, по што следат Индија со три и Бангладеш и Чиле со по два напада.

Други земји нападнати од Северна Кореја по еднаш за да се соберат средства незаконски се Костарика, Гамбија, Гватемала, Кувајт, Либерија, Малезија, Малта, Нигерија, Полска, Словенија, Тунис и Виетнам.

Би можело да ве интересира

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Северна Кореја тестираше беспилотен подводен систем за нуклеарно оружје

А1он