ОН истражува наводи дека украински деца се посвојуваат во Русија

Од:

ОН истражува наводно испраќање на украински деца во Русија, каде наводно ќе им бидат понудени на посвојување на руски семејства, изјави денеска шефицата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права.

Говорејќи пред Советот за човекови права на ОН, на неговата 50-та седница во Женева, Мишел Башеле рече дека нејзините служби „ги истражуваат наводите за присилна депортација на деца од Украина во Руската Федерација“.

Според тие обвинувања, некои деца наводно биле „киднапирани од сиропиталиште за да бидат понудени на посвојување во Русија“, рече таа.

Високиот комесаријат за човекови права не може да ги потврди овие обвинувања ниту за колкав број на деца се работи, додаде таа.

Во март, ОН го привлекоа вниманието на ризикот од насилно посвојување на украински деца.

– Загрижени сме поради наводните намери на руските власти да дозволат преместување на деца од Украина во семејства кои живеат во Руската Федерација, што се чини дека не вклучува мерки за обединување на семејството или почитување на најдобриот интерес на детето, рече таа.

– Ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата, нагласи Башеле.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски