ОН: Исламска држава изврши геноцид во Ирак во 2014 година

Од:

Тимот на ОН, кој ги истражува злосторствата во Ирак, соопшти дека се пронајдени „јасни и убедливи докази“ дека екстремистите на Исламска држава извршиле геноцид во 2014 година.

Карим Кан, член на тимот на ОН, изјави дека постојат докази оти е извршен геноцид врз припадниците на заедницата Јазиди во Ирак, додавајќи дека има докази и оти ИД успешно развила хемиско оружје.

Тимот на ОН утврди и дека ИД извршила воени злосторства врз главно шиитски невооружени питомци и персоналот на Авијациската академија во Тикрит. Тие биле заробени, измачувани и убиени во јуни 2014 година.

Советот за безбедност во 2017 година го поддржа предлогот да се формира истражувачки тим, кој ќе му помогне на Ирак да обезбеди докази и да утврди евентуална одговорност за извршените злосторства од страна на екстремистите на ИД.

Во шестиот извештај оттогаш, Кан наведува дека се пронајдени убедливи докази дека екстремистите од Исламската држава извршиле геноцид „врз групата Јазиди, како членови на религиозна група“, со намера за нивно „физичко и биолошко уништување“.

Тој додаде дека злосторствата врз Јазидите продолжуваат, со илјадници жени и деца одделени од нивните семејства.

Јазидите се припадници на курдска секта, кои живеат во северниот дел на Ирак и во Сирија. Стотици членови на таа заедница побегнаа во Турција во 2014 година, кога екстремистите на ИД почнаа да го окупираат северен Ирак.

Би можело да ве интересира

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија

Нападната американска база во Ирак, има и повредени

А1он

(ВИДЕО) Иран ги нападна Ирак и Сирија: Го уништивме шпионскиот штаб на ционистичкиот Мосад

Пет турски војници загинаа во напад на воена база

Горан Наумовски

Хезболах со дронови нападна американска база во Ирак, САД возвратија