ОН инсистира на продолжување на мировните преговори во Либија

Од:

Обединети нации соопштија дека нивниот главен претставник за Либија вчера разговарал со делегација на генералот Калиф Хафтар за продолжување на преговорите за прекин на огнот.

Видео-состанок на слична тема ќе се одржи и со делагација на Владата во Триполи.

Судирите во Либија траат од 2011 година, кога во граѓанската војна беше соборен долгогодишниот лидер Моамер Гадафи, кој подоцна беше убиен. Оттогаш две ривалски групи се борат за превласт.

Силите на генерал Хафтар во април 2019 година покренаа офанзива за заземање на Триполи, но меѓународно признатата Влада возврати.

Меѓународно признаената Влада на премиерот Фајез ал Сараџ, со седиште во Триполи контролира помал дел од територијата, додека седиштето на Хафтар е во Тобрук и тој контролира поголем дел од земјата, а има контрола и врз нафтените полиња.

Портпаролката на ОН изјави дека состаноците со делегациите на завојуваните страни е прв чекор во права насока. Преговорите за прекин на огнот ќе продолжат врз основа на нацртот, што на двете страни им беше презентирана од страна на Мисијата на ОН во Либија на 23 февруари. Мисијата на ОН изрази надеж дека преговорите ќе доведат до смирување на ситуацијата во земјата и ќе овозможат либискиот здравствен систем да се избори со пандемијата со Ковид-19.

Во Либија досега се потврдени 168 инфицирани лица со новиот коронавирус.

Би можело да ве интересира

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела