ОН и САД со повик до властите во Турција и до демонстрантите за дијалог

Од:

ОН и САД ги повикаа демонстрантите и Владата во Турција на дијалог за надминување на недоразбирањата и прекин на демонстрациите и употребата на сила.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изјави дека граѓаните имаат право на демонстрации и повика на дијалог меѓу Владата и демонстрантите, јави ДПА.

Портпаролката на Белата куќа Катлин Хејден, изјави дека САД се вознемирени до ситуацијата во Турција и упатуваат повик за дијалог меѓу Владата и демонстрантите.

– Продолжуваме со вознемиреност да ги следиме случувањата во Турција и ја поддржуваме слободата на говорот како и правото за мирни демонстрации, изјави Хејден.

Во изминатата ноќ продолжија судирите меѓу полицијата и антивладините демонстрации на истанбулскиот плоштад Таксим.

Полицијата употреби солзавец и гумени куршуми да ги растера демонстрантите од плоштадот.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност