ОН: Гутереш воздржан за мировниот план на Трамп за Блискиот Исток

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш е посветен на подршката кон Израел и Палестинците да постигнат мировен договор врз основа на резолуцијата на ОН, меѓународното право, билатералните договори и создавањето две држави во границите од пред израелско-палестинската војна од 1967 година, соопшти ОН откако американскиот претседател Доналд Трамп го изнесе својот план за Блискиот Исток .

Британските медиуми потсетуваат дека еден месец пред Трамп да ја преземе должноста американски претседател, во јануари 2017 година, Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која бара прекин на изградбата на еврејски населби на окупираните палестински територии.

За резолуцијата гласаа 14 земји членки на СБ на ОН, со само еден воздржан глас, на администрацијата на тогашниот претседател на САД Барак Обама.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство