ОН го осудуваат зголемувањето на бројот на жртвите и кршењето на основните човекови права на Хаити

Од:

Канцеларијата на ОН за човекови права изрази загриженост поради растечкото насилство во главниот град на Хаити, велејќи дека 99 лица се убиени во неодамнешните борби меѓу ривалските банди само во областа Сите Солеи.

Предупредувањето уследи неколку часа откако Советот за безбедност на ОН едногласно ја одобри резолуцијата со која се обновува мандатот на канцеларијата на ОН во проблематичната карипска земја и се повикуваат сите земји да го запрат трансферот на мало оружје, лесно оружје и муниција на сите кои таму поддржуваат насилство на банди и криминални активности.

Хуманитарните агенции на ОН соопштија дека се подготвени да им помогнат на заедниците кои имаат потреба кога тоа ќе биде безбедно, а портпаролот на УНХЦР Џереми Лоренс ги објасни опасностите со кои се соочуваат.

– Досега, од јануари до крајот на јуни, имаме документирано 934 убиства, 684 повреди и 680 киднапирања низ главниот град. Во петдневниот период, од 8 до 12 јули, најмалку 234 лица беа убиени или повредени во насилства поврзани со банди во областа Сите Солеи, рече тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Изгорени трупови по улиците, луѓето бегаат, бандите прават пустош на Хаити

САД ги повикаа своите граѓани да го напуштат Хаити што е можно поскоро поради ескалацијата на насилството

(ВИДЕО) Вонредна состојба на Хаити: Банди упаднаа во затвор, ослободија 4.000 затвореници

Хаос на улиците на Хаити: Банди сакаат да го соборат премиерот, студенти држени како заложници

Горан Наумовски

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он