ОН го осудија упадот на демонстрантите во парламентот на Либија во Тобрук

Од:

Обединетите нации денеска го осудија упадот на демонстрантите во седиштето на либискиот Парламент во Тобрук.

dobivaj vesti na viber

„Правото на народот на мирни протести треба да се почитува и заштити, но немирите и вандализмот, како што е вчерашната рација во седиштето на Претставничкиот дом во Тобрук, се целосно неприфатливи“, напиша на Твитер Стефани Вилијамс, специјален советник на ОН за Либија.

Стотици демонстранти протестираа во главниот град Триполи и во други градови низ Либија. Протестите беа придружени со напади и палење на владини згради, вклучувајќи го и Претставничкиот дом во Тобрук, на истокот од земјата.

Протестите се случија еден ден откако лидерите во парламентот и собранието во Триполи не постигнаа договор за одржување избори за време на разговорите во Женева со посредство на ОН.

Претставникот на ЕУ во Либија, Сабадел Хозе, ги повика демонстрантите да „избегнат каква било форма на насилство“. Тој изјави дека демонстрациите покажуваат дека народот на Либија сака „промени преку избори“ и дека „треба да се слушне нивниот глас“.

Би можело да ве интересира

Гутереш од говорницата на ЦОП27: Или пакт за солидарност или пакт за колективно самоубиство

А1он

ОН: Значителен напредок во преговорите за деблокирање на извозот на руско ѓубриво

Ана Ололовска

САД бараат состанок на Советот за безбедност на ОН за Северна Кореја

Ана Ололовска

Шефот на ОН „длабоко загрижен“ бидејќи Русија го суспендира учеството во договорот за жито

Ана Ололовска

Во Њу Делхи заседава Комитетот на ОН за борба против тероризмот

Ана Ололовска

Гутереш ги повика Русија и Украина под итно да го обноват договорот за житарките

Ана Ололовска