ОН ги намалува оброците на храна во Јемен поради недостиг на средства

Од:

Светската програма за храна (WFP) соопшти дека од јануари ја намалува храната за осум милиони луѓе во Јемен поради недостиг на средства, предупредувајќи на дополнително намалување доколку нема повеќе пари.

Агенцијата посочи дека семејствата погодени од оваа мерка ќе добијат едвај половина од минималниот дневен оброк на Светската програма за храна. Други програми за помош за храна и неухранети се изложени на ризик од дополнителни намалувања.

Агенциите на ОН, вклучително и Светска програма за храна, претходно предупредија на можни намалувања откако беа собрани само 2,68 милијарди долари од побараните 3,85 милијарди долари од донаторите.

– Резервите на храна на Светската програма за храна во Јемен опасно се намалуваат. Секогаш кога ќе ја намалиме количината на храна, знаеме дека уште повеќе луѓе кои веќе се гладни ќе им се придружат на милионите кои гладуваат. Но, очајните времиња бараат очајни мерки, изјави регионалниот директор Корин Флејшер.

Но, Светска програма за храна соопшти дека пет милиони луѓе кои се изложени на непосреден ризик од глад ќе ги задржат целосните оброци. Агенцијата во Јемен храни 13 милиони луѓе месечно, а гладот во земјата е предизвикан од седумгодишна војна, инфлација и бариерите за увоз.

Би можело да ве интересира

Жесток напад на САД и Британија на неколку градови во Јемен, има мртви

Катерина Ѓуровски

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Нови напади во Јемен, експлозија во Црвеното Море: Погоден американски брод

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Одмазда за погодениот танкер: американско-британски воздушен напад врз важно пристаниште во Јемен

Јеменските бунтовници се заканија: Американските и британските воздушни напади „нема да останат без одговор“