ОН: Ердоган и Путин да гарантираат мир во Идлиб

Од:

Во пресрет на средбата помеѓу претседателот на Турција и на Русија, Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин, специјалниот пратеник на Обединети нации за Сирија, Геир Педерсен ги повика да помогнат за обезбедување на мир во сириската провинција Идлиб.

За време на брифингот во Советот за безбедност на ОН, Педерсен истакна дека Сирија е поделена на неколку зони во кои меѓународните играчи се натпреваруваат за превласт.

Тој додаде дека нападите врз камповите на раселените лица, особено на турско-сириската граница се засилени во провинцијата Идлиб.

– Убеден сум дека ситуацијата на теренот во Идлиб ќе биде важно прашање на средба меѓу Путин и Ердоган. Многу зависи од нив, наведе Педерсен.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор