ОН: До крајот на годината се очекуваат уште половина милион авганистански бегалци

Од:

Обединетите нации соопштија дека се подготвуваат за можно иселување од Авганистан на уште половина милион бегалци до крајот на 2021 година.

– Во моментов има хуманитарна вонредна состојба во Авганистан, изјави заменичката на високиот комесар на УНХЦР, Кели Клементс.

И „ова е очигледно навистина динамична ситуација“, рече таа, објаснувајќи дека УНХЦР планира акции за различни сценарија, вклучително и масовно иселување.

– Се подготвуваме за околу 500.000 нови бегалци во регионот. Тоа е најлошото сценарио, рече таа.

Клементс особено ја нагласи потребата да се засили поддршката за соседните земји, кои веќе прифаќаат повеќе од 2,2 милиони авганистански бегалци и кои наскоро може да бидат сведоци на нов прилив.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто