ОН: 5,1 милиони Украинци ги напуштија своите домови поради војната

Од:

Високиот комесаријат за бегалци на ОН соопшти денеска дека најмалку 5,1 милион лица ги напуштиле своите домови во Украина поради руската инвазија.

Ажурираните податоци покажуваат дека бројот на раселени лица се зголемил за 48.387 во однос на вчера.

Најмалку 90 отсто од оние што избегале од Украина се жени и деца.

Поголемиот дел од оние што заминаа сега се во Полска, каде што 2,8 милиони луѓе ја преминаа границата.

Други избегаа во Романија, Унгарија, Молдавија и Словачка.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Политико: На Украина очајно и требаат војници

(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Горан Наумовски

Одеса остана без струја, цел беше и регионот на Миколаев

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он