ОН: 2017 меѓу најтоплите три години во историјата

Од:

Генералниот секретар на Светската метеоролошка организација Петери Талас изјави денеска дека оваа година ќе биде меѓу најтоплите, од кога почнала да се мери температурата во 19. век.

Талас, на отворањето на меѓународната Конференција за забавување на климатските промени, истакна дека тековната година ќе биде малку постудена од рекордната 2016 година.

– 2017. ќе биде меѓу трите најтопли години од кога се спроведуваат мерења, истакна Талас на коференцијата на која присуствуваат претставници од над 200 држави.

Во Бон денеска почна Конференција за климата, која ќе трае до 17 ноември, а со собирот годинава ќе претседава Фиџи.

Германија, како домаќин, за организацијата издвои 117 милиони евра. На брегот на Рајна направен е шаторски град за 25.000 учесници, кој е со големина на осум фудбалски игралишта.

Се очекува овогодинешните разговори да бидат тешки. Од една страна, поради најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на САД од Парискиот договор, а од друга страна, се очекува странските делегации да разработат правилник, кој би бил усвоен на следната климатска конференција во Полска, во 2018 година. Тоа значи дека ќе биде неопходно единствено меѓу државите, за на хартија да се дефинираат конкретни мерки.

На конференцијата најавено е присуство на францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, чие доаѓање, како и на другите лидери, е најавено за крајот на конференцијата.

Би можело да ве интересира

Светска банка ќе поддржи макроекономски и климатски реформи во Македонија со заем во вредност од 93,8 милиони евра

ВИДЕО: Паѓаат температурни рекорди во светот, горат Европа, Америка и Азија

Катерина Ѓуровски

Шокантна снимка: Камионџија полуде, почна да тепа и да гази активисти на пат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) На Европа и се заканува нова голема криза: Доаѓа екстремно сушно лето, цели региони страдаат за вода

Катерина Ѓуровски

Мнозинството студенти и пензионери подложни на дезинформации – не ги препознваат лажните вести на интернет

Петар Клинчарски

ИРЦ: Климатските промени во 2023 година ќе поттикнат хуманитарни кризи

А1он