Оливер Стоун: НАТО алијансата е виновна за украинската криза

Од:

Американскиот режисер Оливер Стоун застана во одбрана на Владимир Путин, наведувајќи дека рускиот претседател во украинската криза ги брани клучните геополитички интереси на Русија. Тој исто така истакна дека Путин не можел на НАТО да му го препушти Крим.

-Голем број Американци не разбираат дека Путин во украинската криза ги брани клучните геополитички интереси на Русија. НАТО и се умилкуваше на Украина со цел на Русија и го зеде Севастопољ. Русија тоа не можеше да го дозволи-наведе тој.

Според него кризата во Украина е резултат на стратегијата на НАТО, кој се обидува да се приближи до руските граници.

Стоун во моментов е копродуцент на документарниот филм за Украина, во кој треба да го интервјуира и Владимир Путин.

Како што е планирано негов следен филм треба да биде посветен на поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност, Едвард Сноуден. Тој неодамна упати пофални зборови за Русија, бидејќи на Сноуден му даде азил, додавајќи дека со тоа покажала дека постои алтернативен свет кој не го контролира САД.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“