Олеснување на патувањата кон и од шест земји вон ЕУ

Од:

Советот на ЕУ денеска прифати да ги олесни рестрикциите за патувања кон и од шест земји врз основа на епидемиолошката состојба.

Станува збор за граѓаните на Австралија, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур, Јужна Кореjа и Тајланд.

Советот на ЕУ прифати дека за патувањата кон и од овие шест земји може да се олеснат рестрикциите на надворешните граници на ЕУ.

ЕУ ги ревидира правилата за патување кон трети земји секои две недели врз основа на еволуцијата на епидемиолошката состојба.

Што се однесува до Кина, Хонгконг и Макао ЕУ е во исчекување на реципроцитетни мерки пред да одобри укинување на рестрикциите.

Олеснувањата важат за земјите од ЕУ и за четирите Шенген партнери – Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски