Оланд во посета на Авганистан

Од:

Новиот француски претседател, Франсоа Оланд, денеска пристигна во ненајавена посета на Авганистан, за да се сретне со француските војници. Тој е придружуван од министерот за одбрана Жан-Ив Ле Дриан и министерот за надворешни работи, Лоран Фабиус, како и од началникот на Генералштабот на француските вооружени сили Едуар Гио.

Откако е избран за претседател, ова е прва посета на Оланд на Авганистан. Пред изборите тој најави дека има намера да ги повлече француските војници од Авганистан до крајот на годинава.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Торнадо во Франција уништи неколку куќи

Крвава освета на студент во Париз: Чекаше една година, па потоа го уби професорот

ВИДЕО: Снимен моментот на големиот одрон во Франција, огромен облак го прекри мостот

Катерина Ѓуровски

Франција издвојува 200 милиони евра за уништување на вино

(ВИДЕО) Голем пожар на југот на Франција, луѓето панично бегаат, евакуација на кампови

Најмалку 11 лица загинаа во пожар во одморалиште во Франција