Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека европските лидери прво треба да дискутираат за дневниот ред и за насоките на ЕУ, па дури потоа да пристапат кон избор на нов претседател на Европската комисија.
Оланд ваквата изјаваја даде на средбата на европските социјалисти во белгискиот град Елвердинге, што се одржа пред почетокот на самитот на ЕУ во Брисел.
Тој истана дека европските избори покажале оти луѓето очекуваат ЕУ повеќе да направи за економскиот раст и за вработувањето.
Оланд посочи и дека ја поддржува идејата за гласање во Европскиот совет за кандидатурата на Јункер.
– Но, ако постигнеме консензус нема да има потреба од гласање. Имам момент, во кој е неопходно Европа да каже што сака како во однос на луѓе, така и во однос на политиката што ја води, потенцира Оланд.