Оланд не предвидува промена на статутот на „првата дама“

Од:

Запрашан за твитот на неговата придружничка Валери Триервеилер која застана на страната на противникот во парламентарните избори на поранешната придружничка на Фрасноа Оланд и мајка на неговите четири деца, Сеголен Роајал, францускиот претседател изјави дека тој се залага „за јасна поделба меѓу јавниот и приватниот живот“.

Според Оланд приватните работи треба да се решаваат приватно, тоа им го кажал на неговите блиски соработници. Понатаму францускиот претседател ја отфрли секоја измена за промена на статутот на првата дама, тврдејќи дека тој постои откако постојат општи претседателски избори.

„Валери сака да си ја зачува професијата (новинар), јас ја разбирам. Таа ќе биде присутна покрај мене кога протоколот тоа ќе го бара, истакна Оланд“, додавајќи дека не е лесно да се заземи позицијата на „прва дама“.

Телевизиските камери за време на веоната парада на Елисејските полиња со внимание ја следеа првата француска дама. Попладнево Елисејската палата е отворена за посета за француските граѓани и во знак на штедење францускиот претседател годинава не организира четиринаесетјулска забава во Елисејската палата.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден