Оланд и Обама повикуваат на единство во Ирак и стабилизирање на ситуацијата во Украина

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд и неговиот американски колега Барак Обама во синоќешниот телефонски разговор ја потенцирале потребата од создавање на „влада на национално единство“ во Ирак, јави дописникот на МИА од Париз.

Според соопштението на Елисејската палата, објавено по телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели, „Франсоа Оланд и Барак Обама инсистирале на сериозноста на ситуацијата и потребата да се најде трајно политичко решение врз основа на влада на национално единство. Тие се договориле да направат заеднички напори за да се постигне тоа“.

Во четвртокот во Елисејската палата се одржа мини министерски совет посветен на одбраната, на кој францускиот претседател исто така изрази желба да се ангажира дијалог меѓу сите составни делови на ирачкото општество со цел итно да се создаде влада на национално единство.

Во телефонскиот разговор Оланд и Обама ја разгледале и ситуацијата во источниот дел на Украина, нагласувајќи ја „важноста за брзо стабилизирање и прекин на огнот во овој дел од земјата“.

Тие изразиле задоволство од тоа дека „украинскиот претседател Петро Порошенко објавил мировен план и едностран прекин на огнот за период од една недела“.

– Во рамки на разговорите, започнати на 6 јуни меѓу Русија и Украина, рускиот претседател Владимир Путин сега треба што е можно побрзо да ги повика вооружените сепаратистички групи за прекин на борбите, да ја прекине испораката на воена техника во Украина и да ја зајакне контролата на руско-украинската граница, се наведува во соопштението на Елисејската палата.

Доколку не се постигне напредок по ова прашање, „можно е да бидат преземени нови мерки против Русија“, но не се наведува детално од каков карактер.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени