Оланд и Макрон заедно го одбележуваат Денот на победата над фашизмот

Од:

Актуелниот француски претседател Франсоа Оланд и неговиот новоизбран наследник Емануел Maкрон претпалднево заедно присуствуваа на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот – 8 мај, јави дописникот на МИА од Париз.

Новоизбраниот француски претседател во текот на денот ќе поднесе оставка на функцијата лидер на неговата центристичка партија Напред (ЕМ), а во следните денови се очекува и да го соопшти името на новиот премиер и составот на неговата влада, во пресрет на парламентарните избори закажани за 11 јуни.

Со освоени 66,1 отсто од гласовите, Макрон на вчерашниот втор круг од претседтелските избори убедливо ја победи Марин Ле Пен, која освои 33,9 проценти од гласовите.

Во вториот круг имаше рекордно ниска излезност од 74,26 отсто, што не е забележано од претседателските избори од 1969 година. Од друга страна повеќе од 4,2 милиони избирачи кои гласаа вчера во кутии уфрлија неважечки и празни ливчиња, што е рекорд за едни претседателски избори.

По вчерашните избори центристичкиот кандидат Макрон на 39 години ќе стане осмиот претседател на Петтата Република и најмлад во историјата.

Мандатот на Оланд официјално истекува следната недела, а примопредавањето на власта е предвидено да се одржи за време на викендот.

Доцна синоќа Maкрон се обрати пред неговите симаптизери – меѓу 20.000 и 40.000 според различни извори – на плаѕото пред пирамидата во музејот „Лувр“.

Макрон призна дека неговата победа не е „бланко чек“, а една од првите мерки кои ги најави е воведување на законодавството за „политичка морализација”. Макрон, исто така, сака да се реформира законот за работни односи, со уредби уште во текот на летото.

Марин Ле Пен, од своја страна, и покрај нејзиниот јасен пораз се радува на „историскиот рекорд на освоени гласови“ со што, како што оцени нејзиниот Национален фронт станал „најголема опозициска сила“. Со освоени над 10,6 милиони гласови, Ле Пен го надмина својот претходен рекорд од првиот круг кога доби 7,7 милиони гласови.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано