Оксфордската вакцина го предизвикува имунолошкиот систем да создава антитела

Од:

Вакцината против коронавирусот што ја развива Универзитетот во Оксфорд, се чини дека е безбедна и го предизвикува имунолошкиот систем на соодветна реакција, тврдат научниците.

Испитувањата, во кои учествувале 1.077 луѓе, покажале дека после инјекцијата организмот создал антитела и бели крвни зрнца кои можат да се борат против вирусот.

Наодите се многу ветувачки, но сè уште е премногу рано да се знае дали тоа е доволно за да се обезбеди заштита, и во тек се поголеми испитувања.

Велика Британија веќе нарача 90 милиони дози од Оксфордската, како и од уште една вакцина која се развива. Оксфордскиот препарат, наречен ChAdOx1 nCoV-19, е изработен од генетски создаден вирус што предизвикува обична настинка кај шимпанзата. Тој е многу изменет, прво, за да не може да предизвика инфекции кај луѓето и за „да изгледа“ повеќе како коронавирус.

Најголемиот дел од фокусот на коронавирусот досега се однесуваше на антитела, но тие се само еден дел од имунолошка одбрана на човечкиот организам. Антителата се мали протеини кои ги создава имунолошкиот систем и кои се лепат на површината на вирусите. Неутрализирачки антитела можат да го спречат коронавирусот.

Т-клетките, еден вид бели крвни клетки, помагаат во координирање на имунолошкиот систем и се способни да забележат која од клетките на телото е заразена и да ја уништи.

Речиси сите ефективни вакцини предизвикуваат и антитела и одговор на Т-клетките.

Кај вакцината од Оксфорд, нивоата на Т-клетките го достигнале максимумот 14 дена по вакцинацијата, а нивото на антитела го достигнало врвот по 28 дена. Студијата не трае доволно долго за да се утврди како изгледа долгорочниот имунитет.

Сепак, има несакани ефекти – 70 проценти од луѓето вклучени во испитувањето имале или температура со треска или главоболка.

Истражувачите велат дека тоа може да се реши со парацетамол.

– Има уште многу работа да се направи пред да можеме да потврдиме дали нашата вакцина ќе помогне во справувањето со пандемијата на Ковид-19, но овие првични резултати ветуваат, изјави Сара Гилберт, професорка на Универзитетот во Оксфорд.

Би можело да ве интересира

Путин најави вакцина против рак

Раст на интересот за вакцинирање по зголемениот број случаи со голема кашлица, најавено двосменско работење и работа в сабота

Меџити: За една недела имунизирани над 10.000 граѓани

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска