Оксфорд ќе ја адаптира технологијата за производство на нови верзии на вакцината против коронавирус

Од:

Научниците од Универзитетот во Оксфорд се подготвуваат што поскоро да произведат нови верзии на вакцината, кои ќе можат да се изборат со уште позаразните мутации на коронавирусот.

Според британски Телграф, тимот што стои зад вакцината на Оксфорд и АстраЗенека спроведува физибилити студии за адаптирање на технологијата за производство на нови верзии на вакцината.

Портпаролот на универзитетот рече дека Оксфорд внимателно го следи влијанието на мутациите на коронавирусот откриени во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил врз имунитетот обезбеден од нивната вакцина и ги проценува процесите потребни за адаптирање на вакцините што е можно побрзо за борба против мутациите на Ковид-19. Тие во моментов ја проценуваат ефикасноста на нивната вакцина врз новите варијанти на коронавирусот, а резултатите треба да биде познати во првата половина од следниот месец.

Сепак, тимот од Оксфорд прифаќа пристап „на ризик“ и има намера да започне со синтетизирање на нови верзии на вакцината без да чека да открие дали ќе бидат потребни, а професорката Сара Гилберт – една од водечките научници – „активно работи на тоа“.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека националното регулаторно тело за лекови ќе биде подготвено да одобри нови верзии на вакцината против Ковид-19 за да се спротивстави на новите варијанти на коронавирусот што може да се појават во иднина.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он