Оксфам: Пандемијата ја влоши кризата со глад во најсиромашните земји

Од:

Хуманитарната група Оксфам соопшти дека пандемијата на коронавирусот ја влошила кризата со глад во најсиромашните делови на светот и предупреди дека секој ден од глад може да умрат до 12.000 луѓе, што е поврзано со социјалното и економското влијание на пандемијата.

Во извештајот на групата се наведува дека масовната невработеност, нарушувањата во производството на храна и намалувањето на хуманитарната помош како последица на пандемијата може да доведат до глад на околу 122 милиони луѓе во текот на оваа година.

Генералниот директор на Оксфам предупреди дека последиците од пандемијата се многу повеќе распространети од самиот вирус и дека тие влијаат на многу земји со среден приход, како Индија, Јужна Африка и Бразил.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска

Оксфам: Во Африка на секои 48 секунди по еден човек умира од глад

Ана Ололовска