Околу осум милиони луѓе во Русија користат наркотици, а од седум до 20 отсто од децата барем еднаш пробале дрога, изјави денеска шефот на Федералната служба за контрола на наркотиците (ФКСН) Виктор Иванов.
Во извештајот на ФКСН се истакнува дека претходно се уапсени 400.000 лица, а против 100.000 до 200.000 луѓе годишно се поднесуваат кривични пријави поради криминални дела поврзани со дрогата.
Иванов зборувајќи за начинот на борбата против зависноста од дрогата истакна дека не се доволни само казнените мерки. Тој наведе дека борбата треба да се одвива на три фронтови – поткопување на инфраструктурата на наркобизнискот, поткопување на економската основа на наркобизнисот и спречување на зависноста од дрога.
Во Русија има 20 проценти повеќе зависници од дрога во споредба со поранешнито СОветски сојуз. Експертите проценуваат дека во Русија има околу 2,5 милиони зависници од дрога, од кои приближно 600.000 се регистрирани.