Околу 70.000 деца се раселени поради турската офанзива во Сирија

Од:

Меѓународната хуманитарна организација „Save the children“ соопшти дека околу 70.000 деца се раселени од почетокот на турската офанзива во североисточниот дел на Сирија, додека ОН наведува дека повеќе од 176.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови.

Организацијата нагласи дека многумина од раселените нашле засолниште во околу 25 училишта во градот Хасакех, југоисточно од областа каде што Турција на 9 октомври ја започна офанзивата против Курдите во североисточниот дел на Сирија.

Хуманитарната група тврди дека во тој град и околните области нема вода за пиење, бидејќи во борбите се оштетени водните пумпи.
Директорката на тимот на таа група за реагирање во Сирија, Соња Куш побара неограничен пристап до децата, на кои им е потребна помош.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски