Околу 50 илјади Романци и Бугари аплицирале за работа во Велика Британија во првите три месеци од годината

Од:

Околу 50 илјади Романци и Бугари аплицирале за работа во Велика Британија во првите три месеци од годината, пишува британскиот весник „Дејли мејл“ во напис, насловен како „Вистината за романските и бугарските имигранти се разоткрива“.

Според весникот 34.900 Романци и 10.445 Бугари се пријавиле за национален осигурителен број во јануари, февруари и март.

– Новите статистики силно ги поткопуваат тврдењата од минатата недела дека бројот на романските и бугарските работници во Велика Британија се намалил во првите три месеци од годината, коментира весникот.

„Дејли мејл“ додаде дека според податоци објавени од Би-Би-Си и други медиуми во март се регистрирани четири илјади романски и бугарски работници помалку во споредба со јануари.

Од 1 јануари беа укинати ограничувањата за работа за бугарските и романските државјани, што предизвика стравување во Велика Британија од масовна имиграција на работници од овие две земји.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он