Околу 400 приведени по протестите во новогодишната ноќ во Хонг Конг

Од:

Околу 400 лица се приведени на новогодишните протести во Хонг Конг откако мирен демократски марш на десетици илјади прерасна во хаотични судири со полицијата која употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.

Тензиите се зголемија вчера по неколку апсења во округот Ван Чаи во близина на филијалата на глобалната банкарска групација на ХСБЦ, што беше цел на демонстрантите во последните неколку недели.

Полицијата соопшти дека биле извршени апсења за прекршоци кои вклучуваат незаконско поседување оружје. Демонстранти беа апсени и за новогодишната ноќ кога кратко го зазедоа главниот пат на полуостровот Ковлун.

Околу 7.000 луѓе се уапсени откако протестите почнаа во јуни а во градот ескалираа околу сега повлечениот закон со кој се овозможуваше екстрадиција во Кина.

Би можело да ве интересира

Разбојници украле 600 ролни тоалетна хартија во Хонг Конг

Ана Ололовска

Протести во Хонг Конг поради новите мерки на Пекинг

Предраг Петровиќ

Училиштата во Хонг Конг затворени до 16 март поради коронавирусот

Ана Ололовска

Хонг Конг воведува задолжителен карантин за сите што доаѓаат од Кина

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Паника во Хонг Конг: Се граба по маркетите што ќе се стигне

Драган Поповски

Прва жртва на коронавирусот во Хонг Конг

Ана Ололовска