Околу 30.000 луѓе на протести поради изградба на нуклеарка во Тајпеј

Од:

Околу 30.000 луѓе протестираа денеска во Тајпеј, барајќи од Владата да ја прекине изградбата на речиси завршената нуклеарна централа.

Демонстрантите извикувале слогани против атомската енергија, потсетувајќи на хаваријата на јапонската нуклеарка Фукушима во 2011 година, предизвикана од земјотресот и цунами брановите.

– Инцидентот во Фукушима не научи дека нуклеарната централа е многу ризична. Владата мора веднаш да ја прекине изградбата на четвртата нуклеарка.

– Различни анкети покажуваат дека речиси 70 отсто од граѓаните на Тајван се против изградбата, изјави Ли Чу-Иан, портпарол на тајванската Унија за заштита на животната средина, која е организатор на протестот.

Контроверзната нуклеарка, која се наоѓа во близина на Тајпеј, би требало да биде пуштена во употреба во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Тајван: Ја повикуваме Кина да се соочи со реалноста

Вилијам Лаи е новиот тајвански претседател

Горан Наумовски

Тајван: Кина испраќа шпионски балони над нашиот остров, тоа е психолошка војна

Силен земјотрес го погоди Тајван

САД му испраќа оружје во Тајван

Пентагон: Стејт департментот одобри продажба на воена опрема за Ф-16 на Тајван