Околу 250 милиони Индијци штрајкуваат против економската политика на власта

Од:

Речиси 250 милиони работници штрајкуваат во Индија во знак на протест против економската политика на претседателот Моди.

Банкарскиот и други сектори на економијата низ Индија претрпеа штета бидејќи милиони работници излегоа на протест против економската политика на хинду-националистичката влада, особено против планираните продажби на државни компании, вклучително и Ер Индија.

Масовниот протест е насочен против она што синдикатите го нарекоа „политика против работниците и народот“ на десничарскиот премиер Нарендра Моди.

Демонстрантите излегоа на улиците на Њу Делхи и неколку поголеми градови, одговарајќи на повикот за штрајк од 10 работнички синдикати. Тие го насочија гневот на јавноста кон неодамнешната приватизација на јавните компании и природните ресурси на земјата бараа зголемување на минималната плата и пензиите.

Земјоделци и студенти учествуваа на некои од протестите свикани од 10-те синдикати, на кои има повеќе од 250 милиони членови.

Автобусите и железницата и државните банки го понесоа товарот на националниот штрајк што се случи и покрај предупредувањата на владата за „последици“ за сите вклучени во него.

Имаше немири во Западен Бенгал откако полицијата пукаше во воздух, распрснувајќи ги демонстрантите кои запалија полициски возила и фрлаа камења кон полицијата.

Полицијата соопшти дека се извршени повеќе од 150 апсења. Од штрајкот беа погодени и источните држави Бихар и Одиша, Махараштра на запад, Харијана на север и Керала и Карната. Амариет Каур, водач на синдикатот, рече дека работниците се против предложената продажба на природни ресурси и државни средства. Демонстрантите извикуваа пароли против новиот закон на владата, велејќи дека тој е антимуслимански и предизвикува протести и демонстрации.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка