Околу 2.000 возила успеале да го напуштат Мариупол преку хуманитарниот коридор

Од:

Околу 2.000 возила денеска успеаја да излезат преку хуманитарниот коридор од украинскиот град Мариупол, кој е под опсада на руските сили и проруските сепаратисти, соопштија градските власти.

– На излезот од градот чекаат уште две илјади возила, додаде градскиот совет на Мариупол, не прецизирајќи колку луѓе можеле да побегнат од тој град, каде условите за живот се ужасни по неколкудневните бомбардирања и опсада.

Градските власти вчера изјавија дека околу 160 возила успеале да го напуштат градот преку хуманитарниот коридор.

Претходно, неколку обиди за евакуација на цивили преку хуманитарни коридори беа неуспешни, а градот под опсада е во се потешка ситуација.

Стотици илјади луѓе во градот остануваат блокирани без греење, храна, чиста вода.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ