Околу 180 мигранти од бродот „Оушн Викинг“ Италија ги префрла во карантин на друг брод

Од:

Италија ќе префрли околу 180 мигранти од спасувачкиот брод „Оушн Викинг“ во карантин на бродот „Моби Заза“, откако со денови одбиваше да ги прифати, пренесе ДПА.

Префрлањето на мигрантите е планирано за утре , откриваат извори од Министерството за внатрешни работи.

Мигрантите беа спасени во четири одделни операции. Првите две операции беа спроведени минатата недела, а спасени се мигранти кои бегале од насилството и злоставувањата во Либија, соопшти  „СОС Медитеране“.

-Ситуацијата на бродот стана неподнослива, мигрантите почнаа да штрајкуваат со глад и се закануваа со самоубиства, предупредуваат од организацијата.

„Оушн Викинг“ неколку пати бараше од Италија и Малта да прифатат мигранти, но без никаков резултат. Во екот на пандемијата на коронавирус двете земји веќе не дозволуваат симнување на спасените мигранти од бродот.

Откако екипажот на „Оушн Викинг“ побарал итен прием на 45 мигранти, вчера италијански психијатар и посредник минале неколку часа со мигрантите.

Потоа, официјален Рим го одобри нивниот трансфер во карантин на бродот „Моби Заза“.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он