Околу илјада борци од Азовстал се предадоа досега, тврди Русија

Од:

Руското Министерство за одбрана го објави последниот оперативен брифинг. Во него се наведува дека од понеделникот од фабриката за челик Азовстал се предале вкупно 959 борци.

Се наведува дека 694 украински борци кои биле под опсада се предале во последните 24 часа. Од Русија велат дека од оние кои се предале, вкупно 80 се ранети, од кои 51 се префрлени во болница.

Дополнително, Русите тврдат дека во текот на ноќта убиле 270 украински борци и дека „54 единици воена опрема биле онеспособени“. Тврдат и дека собориле два авиони и 15 дронови.

Наводите не се независно проверени.

Би можело да ве интересира

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“