Окасио-Кортез ја тужат десничарски критичари бидејќи ги блокирала на „Твитер“

Од:

Американската демократска конгресменка Александрија Окасио-Кортез е тужена за блокирање на критичари на „Твитер“.

Поранешниот њујоршки државник Дов Хикинд и Џозеф Саладино, YouTube-ер кој беше кадиддат за место во Конгресот поднесоа тужби против Окасио-Кортез.

И двајцата ја цитираат неодамнешната одлука против претседателот Доналд Трамп, во која се вели дека со блокирање на критичарите на платформата за социјални медиуми се крши законот.

Хигинд и Салдино велат дека законот треба да важи за сите политичари.

“На Трамп не му е дозволено да ги блокира луѓето, дали стандардите ќе се применуваат подеднакво?”, напиша Саладино на „Твитер“.

Канцеларијата на Окасио-Кортез сé уште нема коментар за тужбите. Нејзината сметка на „Твитер“ има 4,7 милиони следбеници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја