ОИС: Кризата во Сирија може да прерасне во граѓанска војна што ќе го зафати целиот регион

Од:

Кризата во Сирија може да прерасне во граѓанска војна, која може да се прошири во соседните земји и низ целиот регион, предупреди генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка (ОИС) Екмеледин Ихсаноглу.

На одржаниот во мароканскиот град Маракеш четврти министерски состанок на групата „Пријатели на Сирија“ шефот на најголемата муслиманска меѓувладина организација во светот изрази голема загриженост од ситуацијата во Сирија, наспроти напорите на некои земји да се стави крај на крвопролевањето и разурнувањата.

– Заеднички долг е итно да подадеме рака на жртвите во насилствата во Сирија, истакна Ихсаноглу.

Од самиот почеток на конфилктот во Сирија ОИС се придржува кон принципот на немешање и почитување на суверенитетот на своите земји членки, но сепак влошувањето на ситуацијата во однос на безбедноста во Сирија условува интернационализација на кризата, нагласи генералниот секретар на ОИС.

ОИС е основана на 25 септември 1969 година на конференција на лидерите на муслиманските земји во Рабат. Седиштето на организацијата е во Џеда, Саудиска Арабија. Таа има 57 земји членки со вкупно население од 1,6 милијарди луѓе.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение