Огромен глечер се раздели и распадна на делови на Антарктикот

Од:

Глечер, со големина од околу 450 квадратни километри, се раздели и падна во западниот дел на Антарктикот.

Научниците го очекувале тоа бидејќи веќе неколку месеци набљудувале две големи пукнатини на тој глечер. Глечерот што се разделил од ледениод брег се распаднал на ситни делови.

Научниците велат дека ваквите појави стануваат сè почести. Пред да дојде до драстично затоплување на климата, ваквите појави се случувале еднаш на четири години, а сега се случуваат еднаш во годината.

Делови од Антарктикот се загреваат побрзо од остатокот на светот, а научниците од ОН сметаат дека топењето на мразот е првиот знак на неповратни климатски промени.

Островот Пајн, на кој се случил ова, е еден од големите глечери кои научниците ги проучуваат. Тие посочуваат дека сега набљудуваат глечер, двојно поголем од Њујорк, кој секој момент може да се одвои бидејќи и на него се забележани пукнатини.

Би можело да ве интересира

Санта мраз голема колку Лондон се одвои од Антарктикот

А1он

Бугарски воен брод за научни истражувања отплови од Варна кон Антарктикот

А1он

По првпат откриена микропластика во свежи снежни врнежи на Антарктикот

А1он

На Антарктикот измерена температура за 38 степени повисока од вообичаеното

Ана Ололовска

На Антарктикот се отцепи санта мраз поголема од островот Мајорка

Ана Ололовска

ВИДЕО: На Aнтарктик се отцепи санта мраз со површина поголема од Лондон

Катерина Ѓуровски