Oфком: Одземена лиценцата на „Раша Тудеј“ за емитување програма во Велика Британија

Од:

Руската државна телевизија „Раша Тудеј“ нема повеќе да може да емитува програма во Велика Британија откако регулаторното тело „Офком“ по итна постапка и ја одзеде лиценцата.

Во објаснувањето од регулаторното тело се наведува дека руската телевизиска станица не е „погодна и соодветна“ да емитува програма во Обединетото Кралство, после спроведената истрага што покажала пристрасност на медиумот во покривањето вести од Украина.

Истовремено забележува дека новововедените закони во Русија ефикасно ги криминализираат сите медиуми што излегуваат од држвниот наратив, пишувајќи за руската агресија врз Украина како за „специјална воена операција“.

Руската телевизија одлуката ја окарактеризира како „лоша проценка“ на регулаторното тело за кое рече дека е само алатка во раце на властите во Лондон.

Инаку, Велика Британија само неколку дена после почетокот на воените дејствија во Украина забрани емитување на програмата на руската национална телевизија, така што денешната одлука на регулаторот „Офком“ е само симболична.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он