Официјално почна средбата на врвот на Г-20 во Осака

Од:

Средбата на врвот на 20-те водечки економии во светот почна денеска во јапонскиот град Осака. Премиерот на Јапонија, Шинѕо Абе ги поздрави учесниците по што почнаа дебати под претседателство на домаќинот. Абе повика лидерите да упатат категорична порака за поддршка на „слободна и фер“ трговија.

На отворањето на дводневната средба на врвот на Г-20 во Осака, Абе рече дека Јапонија ќе настојува за подобрување на системот на мултилатерална трговија и преговори за договор за економска соработка.

– Денеска сакам да разговарам за мерки со лидерите со кои ќе направиме следен чекор кон реформи на Светската трговска организација, нагласи тој.

Би можело да ве интересира

Ердоган до лидерите на Г20: Исполнете ги барањата на Русија

Предраг Петровиќ

Г20 има нова членка

Групата Г20 и даде на Африканската унија ист статус како и на Европската унија

Блинкен: Не планирам да се сретнам со руски и кинески министри на самитот на Г-20

Ана Ололовска

Индија и Кина прават притисок на Г20 во соопштението за Украина да го нема зборот војна

Земјите од Г20 усвоија конечна декларација во која се критикува војната во Украина