Официјално: Единствена Русија ќе има 324 пратеници во Думата

Од:

Руската Централна изборна комисија (ЦЕЦ) денеска ги потврди резултатите од гласањето за Државната дума на изборите одржани од 17 до 19 септември, според кои Единствена Русија, чиј член е претседателот Владимир Путин, освои најмногу места – 324.

– Конечните извештаи на изборната комисија, кои се однесуваат на Државната дума, чесно го покажуваат исходот од гласањето. Резултатите се валидни, изјави директорката на ЦЕЦ, Ела Памфилова,

Во Долниот дом на рускиот Парламент, исто така, влегуваат и Комунистичката партија на Руската Федерација (57 места), Праведна Русија – за правда (27), Либерално демократската партија (21) и Нови луѓе (13).

Три партии (Родина, Партијата за раст и Граѓанската платформа) ќе имаат по еден пратеник, а уште пет независни пратеници ќе влезат во Думата.

Единствена Русија на изборите во 2016 година освои 343 места.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски