Официјален Рим: Одлуката на Австрија е дискриминација на Италија

Од:

Италија остро реагираше на одлуката на Австрија да ги отвори границите кон сите свои соседи, со исклучок на Италија, оценувајќи дека тоа претставува дискриминација.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте смета дека одлуката на официјална Виена претставува дискриминација и прашува „дали Италија треба да ја плаќа цената на својата транспарентност, која ја покажала за време на пандемијата“.

Италијанскиот министер за надворешни работи, Луиџи ди Мајо истакна дека таквите акти се спротивни на заедничкиот дух на ЕУ и се штетни за единствениот пазар на Унијата, изразувајќи надеж дека Австрија ќе ја преразгледа својата одлука.

Австрија од синоќа ги отвори своите граници и го укина карантинот за седум соседни земји – Германија, Лихтенштајн, Швајцарија, Словачка, Словенија, Чешка и Унгарија, но не и за Италија.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија