Одржан итен состанок на НАТО за Ирак по барање на Турција

Од:

Претставници на НАТО одржаа вчера, по барање на Турција, итен состанок за безбедносната ситуација во Ирак, откако бунтовници киднапираа 80 турски државјани, додека американските власти соопштија дека се подготвени да му помогнат на Багдад за спречување на офанзивата на џихадистите, кои досега зазедоа најмалку два ирачки града.

Турското Министерство за надворешни работи побара одржување итен состанок, откако припадници на Исламската држава во Ирак и Левентот го зазедоа Тикрит и се затвориле во најголемата ирачка рафинерија за нафта, со намера да продолжат со соборување на шиитската Влада.

Припадници на групата Исламска држава на Ирак и Левантот, која е поврзана со Ал Каеда, при два напада во последниве два дена киднапираа вкупно 80 турски граѓани, меѓу кои дипломати.

Во меѓувреме, портпаролката на Стејт департментот, Џен Псаки изјави дека Вашингтон е подготвен да „соработува со ирачката Влада и лидерите ширум Ирак, со цел да го поддржи заедничкиот пристап во борбата против агресијата на Исламската држава во Ирак и Левентот“.

– Вашингтон, исто така, ќе се обиде да обезбеди помош за речиси половина милион луѓе кои бегаат поради жестоките борби во Ирак, најави идниот амбасадор на САД во Багдад, Стјуарт Џоунс.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун остро го осуди киднапирањето на турскиот генерален конзул и дипломатите во Мосул.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО