Одобрени 369 милиони фунти за обнова на Бакингамската палата во Лондон

Од:

 Британската влада одобри 369 милиони фунти за обнова и модернизација на Бакингамската палата во Лондон, соопшти денеска Министерството за финансии.

Обновата на ова старо здание во централниот дел од британскиот главен град, кое е службената резиденција на кралицата Елизабета, треба да трае десет години.

Во владиното соопштение се вели дека ова е прво обновување на Палатата по 60 години.

Додека траат градежните работи, кралицата ќе може да престојува во палатата.

Раководител на економијата на Бакингамската палата изјави дека со обновата се опфатени најпотребните работи- промена на електричните кабли, на водоводната инсталација, како и на греењето.

Сите тие се толку стари што постоше опасност од избувнување пожар или од поплавување на Палатата, изјави главниот економ.

Одлуката за издвојување средства за обнова на кралската палата треба да биде потврдена од Парламентот.

Бакингамската Палата има 775 соби, 78 бањи, 1514 врати, 760 прозорци. Во неа се вградени 160 километри електрични каблии, 38 километри инсталација за греење.

Низ просториите на Палата и во нејзината пространа градина, секоја година, минуваат по околу 50 илјади посетители и гости, на разни државни банкети, приеми, вечери и забави во градината.

Во Палатата, кралицата ги прима во аудиенција британските премиери, како и високите странски гости и државници.

Една третина од годината, кралицата Елизабете и нејзиниот сопруг, принцот Филип живеат во Бакингамската палата.

Би можело да ве интересира

Барние: Британија отфрла секакво одложување на Брегзит

Ана Ололовска

Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Ана Ололовска

Зајберт: Меркел и Џонсон набрзо ќе разговараат за Брегзит

А1он

Шкотска е подготвена да поддржи секого кој е против Брегзит

А1он

Нема судење за Џонсон поради „лажењето за Брегзит“

А1он

Хамонд: Брегзит-от без договор ќе биде спречен

А1он