Одобрени 13 нови одбранбени проекти на ЕУ

Од:

Владите на земјите-членки на Европска Унија денеска одобрија 13 нови одбранбени проекти, со цел да се развие што поголема независност од САД.

Според плановите на министрите за одбрана на земјите-членки на Унијата, ќе почне да се работи на нов патролен брод, електронско оружје за попречување на леталата и технологија за следење на балистички ракети.

Во тек е изработка на околу 47 заеднички одбранбени проекти на ЕУ откако Франција,

Германија и 23 влади на земји-членки на ЕУ кон крајот на 2017 година потпишаа пакт за финансирање, развој и распоредување на вооружени сили по одлуката на Велика Британија за излегување од Унијата.

Иако 22 земји-членки на ЕУ се и во НАТО, Унијата се надева дека до 2021 година ќе покрене фонд за вооружување вреден повеќе милијарди евра, наменет за дизајнирање и производство на нови тенкови, бродови и технологија.

Европското одбранбено планирање, операции и развој на оружје предвидува Франција да преземе голема улога – 60 проценти од вкупно 47 проекти, често заедно со Германија, Италија и Шпанија.

Предвидено е Франција и Италија да развиваат прототип воен брод, познат како Европска патролна корвета.

Франција, Португалија, Шпанија и Шведска исто така имаат за цел да испорачаат нов противподморнички систем за заштита на морските патишта и комуникации.

Франција веќе го предводи производството на нови европски хеликоптери.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески