Одобрена итна помош за земјоделците и рибарите во ЕУ

Од:

Европската Унија одобри итни кризни мерки за помош на земјоделците и рибарите погодени од кризата со новиот коронавирус во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Поради здравствената криза и затворањето на внатрешните граници на Унијата, земјоделскиот и рибарскиот сектор се посебно погодени, пред сѐ поради недостатокот од работна рака.

Земјоделскиот и рибарскиот сектор во голем дел зависи од сезонски работници во одредени периоди од годината. Иако овие работници имаат право да патуваат преку границите и за време на кризата, бидејќи Европската Комисија ги смета за критично важни, голем дел од нив одбиваат да патуваат поради страв за своето здравје. Секторите, се разбира, се силно погодени и поради падот на потрошувачката.

Европската Унија одобри серија итни мерки за помош на рибарите и земјоделците за време на кризата како посебна поддршка за оние кои се наоѓаат привремено без работа и приходи поради коронавирусот како и олабавување на одреден број контролни механизми за пристап до фондови, зголемување на авансот од земјоделските фондови и одложување на роковите за апликација за помош.

Би можело да ве интересира

Намалено производството на овошје, сончоглед, домати и краставици, зголемено на оризот и пиперот

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ