Одобрен турско-либискиот договор, Турција добива пристап до економската зона во Медитеранот

Од:

Комисијата за надворешна политика при турскиот Парламент го одобри денеска договорот на Турција со либиската Влада за поморската граница во Средоземно Море, што и овозможува на Турција пристап до економската зона во Медитеранот.

Во текот на денешниот ден за овој договор ќе се изјасни и Парламентот.

Турција минатата недела потпиша договор со либиската Влада на Фајез Сараџ, со седиште во Триполи, која е призната од ОН и контролира некои западни делови од земјата.

Овој договор предизвика расправа во либискиот Парламент, кој се наоѓа на крајниот источен дел од земјата и е под влијание на Либиската национална армија на генералот Калифа Хафтар.

Договорот, исто така, дополнително го заострува веќе постоечкиот спор кој Турција го има со Грција, Кипар и Египет околу правото на експлоатација на нафта и гас во источниот дел на Средоземното Море.

Би можело да ве интересира

Чавушоглу: Ако Азербејџан побара, Турција ќе интервенира во Нагорно-Карабах

Ана Ололовска

ЕУ ја повика Турција да биде конструктивна во решавањето на спорот во источниот дел на Медитеранот

Ана Ололовска

Алиев: Турција не учествува во конфликтот околу Нагорно-Карабах – нема потреба

Жарко Настоски

Нагорно-Карабах: Ереван тврди дека турски Ф-16 соборил ерменски воен авион

Жарко Настоски

Чавушоглу: Турција е спремна да го поддржи Азербејџан и на бојното поле

Жарко Настоски

Во Истанбул второ обвинение за убиството на новинарот Џамал Кашоги

Жарко Настоски