Одлуката на ЕМА за бустер дозата на вакцината на Фајзер е можна на почетокот на октомври

Од:

Европската агенција за лекови (ЕМА) до почетокот на октомври може да одлучи за евентуалната употреба на засилувачката (бустер) доза на вакцината на Фајзер/БиоНТек, наведуваат британските медиуми пренесувајќи извор запознат со ова прашање.

Ова ќе биде прва одлука на регулаторот на ЕУ за дополнителна доза, додаде изворот откако американската администрација за храна и лекови вчера ја одобри третата доза на Фајзер за лица на возраст од 65 години и постари, лица изложени на ризик од сериозни болести и оние кои редовно се изложени на вирусот.

-Одлуката на ЕМА за третата доза на Фајзер се очекува на почетокот на октомври, рече изворот, но сакаше да остане анонимен поради чувствителноста на проблемот.

Фајзер одби да коментира, а БиоНТек не беше достапен за коментар.

Регулаторот на ЕУ на 6 септември соопшти дека почна со евалуација на податоците на Фајзер и БиоНТек за засилувачката доза што ќе им се даде на луѓето на возраст над 16 години, шест месеци по добивањето на втората доза.

Модерна, исто така, наскоро до ЕМА треба да ги достави потребните податоци за засилувачката доза, се наведува во документот на ЕУ.

Во мислењето издадено на почетокот на септември и реиздадено од ЕМА, Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) наведува дека нема итна потреба од зголемена доза од целосно вакцинирани лица во општата популација. Но, тие забележуваат дека треба да се земат предвид дополнителни дози на вакцината за луѓе со ослабен имунолошки систем.

Многу членки на ЕУ веќе одлучија да користат засилувачки дози и покрај правните ризици, бидејќи ЕМА се уште нема донесено формална одлука.

Би можело да ве интересира

Многу повеќе Американци добиваат засилувачка вакцина од оние кои се решиле на прва доза

А1он

Украинската национална хероина фатена со лажен сертификат за вакцинација

А1он

СЗО: Безбедна е истовремената употреба на вакцините против Ковид-19 и грип

Мета: Албанија прва во Европа по смртни случаи од Ковид, итно да се преземат соодветни мерки

Ана Ололовска

Романски министер за здравство: Не се гледа крајот на пандемијата

Ана Ололовска

Белата куќа бара СТО да поддржи суспензија на патентите за вакцини против Ковид-19

Ана Ололовска