Одговорот од Москва: Наскоро потерници против судиите кои издадоа налог за апсење на Путин

Од:

Истражниот комитет на Русија наскоро ќе објави потерници за судиите на Меѓународниот кривичен суд кои издадоа налог за апсење на рускиот претседател.

Ова го изјави претседателот на комисијата Александар Бистрикин.

„Истражниот комитет брзо покрена кривична постапка против претседателот и тројца судии кои активно влијаеле да се донесе таква одлука. Налозите ќе ги објавиме наскоро“, рече Бистрикин.

На 17 март, Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налози за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и детскиот правобранител Марија Лавов-Белова под обвинение за „незаконска депортација“ на украински деца. Коментирајќи ја оваа одлука, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека Москва не ја признава јурисдикцијата на тој суд.

Би можело да ве интересира

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Убиен е полицаец во Москва, негов колега е ранет

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

Русија официјално ја обвини Украина за масакрот во Москва