Одброт за правосудство на Претставничкиот дом гласа по предметите за импичемнт на Трамп

Од:

дборот за правосудство при Претставничкиот дом продолжува да заседава денеска во клучен момент од процедурата за отповикување (импичмент) на претседателот Доналд Трамп – одлука предметите да се испратат на гласање во комплетен состав на долниот дом од американскиот Конгрес.

Гласањето се очекува во текот на идната недела.

На денешното заседание, кое започна синоќа со претрес и расправи за двата члена врз основа на кои се отповикува Трамп, злоупотреба на службената положба и опструкција на работата на Конгресот, се очекува демократите, мнозинство во Одборот, да ги потврдат обвиненијата и да дадат зелено светло за гласање за импичмент.

По гласањето во Претставничкиот дом, обвиненијатата против претседателот за злоупотреба на функцијата и опструкција на Конгресот ќе бидат испратени во Сенатот.

Тука треба да се спроведе процес на судење на кој се очекува горниот дом, контролиран од републиканците, да изгласа против разрешување на Трамп од функција.

Демократите го обвинуваат Трамп за злоупотреба на власта во обид да го принуди државниот врв на Украина да спроведе истрага за политичкиот ривал Џо Бајден, и опструкција на работата на Конгресот, во време кога законодавците спроведуваа истрга за овој случај.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски