Одбиено барањето за исклучување на Шредер од СПД

Од:

Социјалдемократската партија на Германија (СПД) одби да го исклучи поранешниот канцелар Герхард Шредер од партијата, поради блиски врски со рускиот енергетски сектор и претседателот Владимир Путин.

Арбитражниот одбор на огранокот на СПД во Хановер разгледуваше 17 барања од членови на партијата за покренување постапка против Шредер.

Тој има долгогодишни врски со рускиот енергетски сектор и одби целосно да се дистанцира од Путин, откако Русија изврши инвазија на Украина. Меѓутоа, одборот на СПД утврди дека неговите постапки не претставуваат кршење на правилата на партијата.

Можноста Шредер да биде исклучен од партијата на канцеларот Олаф Шолц не беше голема затоа што во Германија исклучување на член од политички партии е сложен, напорен и често долг процес, а неретко по него нема исклучување.

Но, можна е жалба на денешната одлука.

Шредер беше канцелар на Германија од 1998 до 2005, а лидер на СПД од 1999 до 2004 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени