Од среда нема влегување на Малта без вакцина

Од:

Малта од среда ќе забрани влез за сите невакцинирани посетители на островот, изјави денеска министерот за здравство Крис Ферн.

Негативен тест за коронавирус веќе нема да биде доволен за да се премине границата на овој мал медитерански остров.

-Ние ќе бидеме првата земја на Европската унија што ќе донесе оваа одлука, но мора да го заштитиме нашето општество, рече Ферн на прес-конференција.

Изјавата на министерот следеше откако од понеделникот на Малта секој ден има двојно повеќе заразени лица.

До денеска туристите можеа да влезат на Малта доколку беа целосно вакцинирани или доколку можеа да презентираат негативен ПЦР тест. Единствен исклучок се британските туристи, кои веќе мораа да бидат целосно вакцинирани поради распространетоста на делта варијантата во нивната земја.

Ферн објасни дека неодамнешниот раст на нови случаи е меѓу посетителите кои, иако имале негативен тест пред да се качат во авионот, не биле вакцинирани. Повеќето новозаразени се млади луѓе кои посетуваат училишта на англиски јазик, па затоа овие училишта од среда ќе треба да се затворат.

Би можело да ве интересира

СЗО ја запре постапката за итно одбрување на Спутник В

Министрите за трговија на Г-20 ветија праведна распределба на вакцините против Ковид-19

Ана Ололовска

Путин пред новоизбраните пратеници во Думата: Мораме да ја забрзаме кампањата за вакцинација

Ана Ололовска

Мицотакис прими трета доза од вакцината

Ана Ололовска

Болсонаро: Не ми додевајте со прашања за смртните случаи од Ковид-19

Ана Ололовска

Вакцинирани 71,3 отсто од полнолетните Грци, на северот од земјата со мобилни единици ќе се зголемува процентот на вакцинација

Ана Ололовска